Отфрлени бомбите, судењето на Груевски на 22 февруари | Правдико

Правдико

   

Отфрлени бомбите, судењето на Груевски на 22 февруари

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Главното рочиште за случајот „ТНТ“ на СЈО во кој обвинет е и поранешниот премиер и лидер на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски е закажано за 22 февруари.

gruevski

На денешното подготвително рочиште по барање на одбраната беа отфрлени барања на СЈО како доказ да се користат прислушуваните разговори со образложение на судијката Татјана Михајлова дека тие биле набавени на нелегален начин. Таа одби и на СЈО да му овозможи во судот да биде сослушан и заштитен сведок во случајот.

Судскиот процес се однесува на нарачаните шамари за градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски и насилните протести пред општината. И поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески кој е на листата на обвинети, присуствуваше на судскиот процес. Обвинението е поднесено против 14 лица за кривично дело насилство, и тоа, за пет лица како поттикнувачи на насилството и девет лица како директни извршители на насилството.

Извор: Радио Слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико