Oткако Владата го укина, Уставниот суд ќе расправа дали екстерното тестирање е уставно | Правдико

Правдико

   

Oткако Владата го укина, Уставниот суд ќе расправа дали екстерното тестирање е уставно

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Прва точка на седницата на Уставниот суд, закажана за денеска, е Правилникот за начинот на формирање и работење на училишната комисија, тајноста на материјалот зе екстерно проверување, начинот на проверување на тестовите од страна на училишната комисија, како и формата и содржината на извештајот од екстерното проверување во средните училишта донесен од министерот за образование и наука на 22 април 2013 година. Иницијативата ја поднесе Наставничкиот пленум.

Пред дваесетина дека новата влада го укина екстерното во основните и средните училишта. Иницијативата за преиспитување на шест членови од законот за средно образование, кои го регулираат сега укинатото екстерно тестирање, по две години ќе се најде на дневен ред пред уставните судии.

На први јуни Владата го укина екстерното тестирање за учениците.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико