Отказ за наставниците кои две години „паѓаат“ на екстерно | Правдико

Правдико

   

Отказ за наставниците кои две години „паѓаат“ на екстерно

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Измените на Законот за основно и средно образование предизвикаа бура кај просветните наставници.

CABE4615329D5E4AAFF635B300E9A24B

Измените на Законот за основно и средно образование по скратена постапка завчера беа на дневен ред на собраниската седница. И понатаму остануваат казните и наградите од екстерното тестирање, а Синдикатот за образование и ресорното министерство преку работни групи успеаја да се договорат за изземање на ланските казни. Од оваа учебна година на професорите и наставниците им се заканува опасност како од финансиски глоби, така и од отказ.

Од Владата, која е предлагач на законот, велат дека со измените се регулира наградувањето на наставниците во основните и средните училишта и нивниот кариерен напредок според резултатите од екстерната проверка на знаењата на учениците, а износите на утврдените глоби се намалуваат повеќе од двојно.

Со измените на законите за основно и средно образование предвиденото зголемување, односно намалувањето на платите на наставниците во согласност со резултатите од екстерната проверка на учениците, нема да се применува за учебната 2013/2014 година.

И покрај тоа претседателот на СОНК, Јаким Неделков, ги отфрли сите тврдења дека казните за наставниците по основа на екстерното оценување и тестирање продолжуваат и следната година и идните години.

„Ако подобро се погледне текстот на законот добро се гледа дека тој член каде што беа третирани казните сега се менува и кажува нешто сосема друго, а тоа е дека ќе се наградуваат наставниците“, вели Неделков.

Во членот седум и осум, пак, од Законот за средно образование се вели дека врз основа на објавениот извештај со резултати од спроведената екстерна проверка на учениците, 20 отсто од наставниците кај кои има најмали отстапувања во добиените показатели им се зголемува платата за наредната година за 15 отсто од платата што ја примале, а на 20 отсто од наставниците кај кои има најголеми отстапувања во добиените показатели им се намалува платата за наредната година за 15 отсто од платата што ја примале. За вторите се обезбедува соодветна стручна советодавна помош од Бирото. Но она што предизвика бура од негодувања кај просветните работници е членот 14 од законот со кој се предвидува на наставникот кој и по две години од добивањето на стручната помош, повторно ќе биде во групата на наставници кај кои има најголеми отстапувања во добиените оценки, му престанува работниот однос. Решението за престанок на работниот однос на наставникот го донесува директорот на средното училиште.

Според Наставничкиот пленум измените на законот претставуваат пресметка со просветните работници. „Како е можно по две години да му се даде отказ на еден просветен работник, само затоа што не се поклопувале оценките со оние од екстерното“, вели професорот Владо Димовски од Наставнички пленум.

Извор: Утрински Весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико