Откриена меѓународна банда за трговија со синтетички дроги | Правдико

Правдико

   

Откриена меѓународна банда за трговија со синтетички дроги

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во заедничка акција на полицијата и правосудните органи на неколку земји откриена е организирана криминална група вмешана во производство и трговија на дроги, при што уапсени се најмалку осум лица, соопшти Европол. Во заедничката акција учествувале органите за спроведување закони и полицијата на Полска, Холандија и на Исланд, а со помош на Евроџаст и Европол.

Како што се наведува во соопштението, припадниците на криминалната група биле претежно полски државјани.

Во акцијата биле пребарани над 30 локации и одземени се неколку видови дроги. За време на апсењето пронајдени се и одземени автомобили, станови, банкарски сметки и околу 1,8 милион евра. Акцијата на следење на осомничените лица и финансиската истрага траела речиси два месеца.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико