Откриени 14 мигранти во автомобил кај Удово | Правдико

Правдико

   

Откриени 14 мигранти во автомобил кај Удово

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Четиринаесет мигранти од Пакистан биле откриени во автомобил кај село Удово.

Според информациите на МВР, вчера изутрина на бензинска пумпа кај село Удово полициски службеници пронашле автомобил „ауди А6“ со скопски регистарски ознаки, а во него имало 14 мигранти од Пакистан, без возач.

Лицата биле предадени во Прифатниот центар за странци – Скопје за понатамошна постапка.

Инаку, на возилото имало регистарски таблички од товарно возило „застава“. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико