Правдико

   

Откриени 20 кг. марихуана во возило на ГП Табановце

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

image-e488b1e739e54e7fd768966eda4e8dc8b70b0326ed2c1b47dd4f2689b64fd0cc-VНа 14.04.2016 година околу 23,20 часот на излез од Р.Македонија на ГП „Табановце“ за царинска и полициска контрола се пријавило ПМВ марка КИА тип Карнивал со бугарска регистерска ознака бр.Е4203КС, управувано од В.М.Ч (52 години), државјанин на Р.Бугарија.

Наведеното ПМВ било селектирно од страна на полициски службеник од ПС за ГП „Табановце“ за детална контрола и личен претрес. При контролата на возилото во делот за резервната гума, во самата резервна гума, во задниот дел од задните седишта, во предните калници, во вратата за багажниот простор и во страничните пластики на задните седишта биле пронајдени вкупно 40 (четириесет) пакувања со непозната растителна материја, со вкупна тежина од 21, 700 грама, обвиткани со леплива трака и алуминиумска фолија.

При извршена проверка на брз НИК тестер непознатата растителна материја била позитивна на опојна дрога марихуана.

Со потврда за одземени предмети непознатата материја е одземена и предадена на ОКТ при МВР на РМ заради вештачење.

В.М.Ч е приведен во СВР Куманово и во тек е изготвување на кривична пријава за сторено КД „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

Партнери на Правдико