Откриени 21 мигрант на патот Гевгелија – Скопје | Правдико

Правдико

   

Откриени 21 мигрант на патот Гевгелија – Скопје

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Дваесет и еден мигрант се откриени на патот Гевгелија-Скопје. Седум лица биле пронајдени во автомобил, а уште 14 до возилото.

Според информациите на МВР, вчера во 20:10 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, на излез од Гевгелија, полициски службеници забележале патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки и при контрола во возилото биле пронајдени седум лица – мигранти од Авганистан.

Во непосредна близина до возилото биле откриени уште 14 лица мигранти, сите од Авганистан. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот и за целосно расчистување на случајот.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико