Откриени четири комбиња кои вршеле меѓународен превоз на патници без документација | Правдико

Правдико

   

Откриени четири комбиња кои вршеле меѓународен превоз на патници без документација

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На 19/20.01.2022 од полициски службеници од Полициската станица за Граничен премин Табановце при Регионалниот центар за гранични работи Север, при контрола при влез во државата на четири комбиња за меѓународен превоз на патници, и тоа две „форд“, едно „мерцедес“ и едно „фиат“, од кои три со струмички и едно со скопски регистарски ознаки, управувани од Т.В.(25), П.В.(50), Ч.Т.(28) и М.П.(33), сите од Струмица, било констатирано дека возилата вршат меѓународен превоз на патници без поседување на соодветна документација.

Од страна на полициските службеници биле известени инспектори од Одделението за инспекциски надзор на патниот сообраќај во рамки на Државниот инспекторат за транспорт при Министерство за транспорт и врски и се преземаат мерки за комплетно расчистувањ ена случаите.

Партнери на Правдико