Откриени девет танчарки и пејачки кои нелегално работеле во објект во Желино
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Девет танчарки и пејачки од Албанија и од Македонија нелегално работеле во објект во Желино, Тетово.
Според информациите на МВР, во акција на полицијата спроведена ноќеска во угостителски објект во село Желино, сопственост на 46-годишeн жител на ова село, затекнати се девет женски лица што работеле како пејачки и танчарки.
Од нив три биле од Република Албанија, а шест биле македонски државјанки. Трите албански државјанки на возраст од 25, 30 и 33 години се приведени во Полициската станица Тетово и потоа предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и раедмисија за натамошна постапка. Сопственикот на објектот ќе биде повикан во Полициската станица Тетово.
Извор: Макфакс