Откриени илјада големи затајувачи на данок во Италија | Правдико

Правдико

   

Откриени илјада големи затајувачи на данок во Италија

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Италијанската финансиска полиција објави дека идентификувала илјада големи затајувачи на данок кои ја оштетиле државата за 2,3 милијарди евра.

Од јануари минатата година до мај, финансиската полиција успеала да врати повеќе од половина од затаениот данок, за кој што се наведува дека е резултат на тешки фискални и финансиски престапи.

За затајување на данок се смета дека се одговорни 13 илјади лица, кои затскриле околу 5,8 милијарди евра. Во секторот на јавните набавки полицијата открила нерегуларности во 40 отсто од случаите и уапсила повеќе од 600 лица. „Во борбата против мафијата, Италија од јануари до мај годинава запленила средства во висина од околу две милијарди евра“, се наведува во извештајот.

Извор:Макфакс

Партнери на Правдико