Откриени насади со марихуана во атарот на Мислешево | Правдико

Правдико

   

Откриени насади со марихуана во атарот на Мислешево

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

marihuanaНасад со засадени седумнаесет садници марихуана, деновиве пронајде криминалистичката полиција од полициската станица во Струга. Посевите со марихуана, се засадени на помала земјоделска површина во атарот на струшкото село Мислешево на место со бујна вегетација во близина на реката Сатеска.

Засега непознат сторител, од почетокот на годинава, на земјоделската површина ги засадил и одгледувал садниците со марихуана кои, по оперативен пат се лоцирани од страна на полициските инспектори. За пронајдениот насад со марихуана, запознат е јавниот обвинител од Основниот суд во Струга по што насадите се подигнати од местото и испратени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Полициската станица од Струга, презема дополнителни мерки за идентификација на можниот сторител на ова кривично дело, по што против него ќе биде поднесена кривична пријава за сторенo казнено дело “Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Препорачуваме

Партнери на Правдико