Откриени неправилости при контрола на валандовска фирма | Правдико

Правдико

   

Откриени неправилости при контрола на валандовска фирма

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

2Инспектори од Одделението за истраги при Царинската управа, при извршена контрола на седиште на фирма која се занимава со шиење на трикотажна облека, пронајдоа 2.800 парчиња готови конфекциски производи за чие потекло фирмата немаше никаква документација.

Кон крајот на минатиот месец, по претходно добиена информација од Одделението за разузнавање и обезбедена Наредба за претрес на дом и други простории издадена од надлежен суд, царинските инспектори извршија претрес на деловен објект на фирма која се занимава со шиење на облека – лон систем.

3Притоа во магацинот на фирмата пронајдени се вкупно 2.800 парчиња готови текстилни производи (маици, блузи и хеланки), за чие потекло фирмата не приложи никаква документација.

Со оглед на фактот што фирмата не приложи докази за потеклото на пронајдените производи, истите се привремено одземени, а против правното лице и одговорното лице во правното лице, согласно законот е поднесена соодветна пријава.

Препорачуваме

Партнери на Правдико