Откриени нови детали: убиецот од БиХ се подготвувал за масакр | Правдико

Правдико

   

Откриени нови детали: убиецот од БиХ се подготвувал за масакр

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Полициските службеници и двајца обвинители од Кантонот Сараево завршија со увидот доцна синоќа на местото на кое беше ликвидиран убиецот Един Гачиќ. Како што дознава „Клих.ба“, тој бил исклучително добро опремен и вооружан кога влегол во престрелката со полицијата.

Како што пишува порталот, за време на престралката убиецот користел пиштол што го зел од една од неговите жртви, полицаецот Махир Бегиќ.

Количината муниција пронајдена кај него по ликвидирањето покажува дека бил добро опремен и се подготвувал за крвава пресметка, заклучува порталот.

Полицијата и обвинителите работеле под тешки околности поради силниот снег, непристапниот терен и мракот. Увидната екипа морала да пешачи 45 минути по патот прекриен со снег бидејќи на теренот немало пристап за возила.

Во текот на денот ќе биде издадена наредба за извршување обдукција на телото за да се утврди од кои повреди починал мажот по што случајот ќе биде затворен, а истрагата ќе биде завршена бидејќи мажот е убиен.

Серискиот убиец Един Гачиќ беше ликвидиран вчера по неколку дневно бегство. Кога полицијата го пронашла, дошло до престрелка, во која еден полициски службеник доби полесни повреди.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико