Откриени уште четири лица инволвирани во немилите настани во македонскиот парламент | Правдико

Правдико

   

Откриени уште четири лица инволвирани во немилите настани во македонскиот парламент

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во врска со настани од 27.04. во Собранието на РМ, вчера (04.05.) од страна на СВР Скопје во соработка со ОЈО на службени разговори се повикани повеќе лица за кои постоле сомневања дека биле инволвирани во настаните во македонскиот парламент.

Притоа, поради констатирано постоење на основи за сомнение за сторено кривично дело – “учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ по чл 384 од КЗ на РМ од страна на лицата Д.Т. (42), Ѓ.М. (52) и Т.О. (52) сите од Скопје, како и кривично дело – “учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ по чл.385 од КЗ на РМ од страна на лицето Н.П. (39) од Скопје, за истите СВР Скопје до Основно јавно обвинителство Скопје ќе поднесено посебно Известување.

Секторот за внатрешни работи Скопје во консултација и соработка со Основното јавно обвинителство Скопје и понатаму презема мерки и активности во врска со настаните случени на 27.04. во Собранието на Р.Македонија и обезбедување на преостанатите кривично пријавени лица, како и на идентификација и документирање и на други лица учесници во настаните.

Партнери на Правдико