Отпис на камати и трошоци за повеќе од 150.000 граѓани | Правдико

Правдико

   

Отпис на камати и трошоци за повеќе од 150.000 граѓани

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Преку 150.000 граѓани ќе бидат опфатени со законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на граѓаните во услови на КОВИД-19 чиј предлог-текст е усвоен на денешната владина седница. Законот ќе овозможи граѓаните да ја исплатат само главницата на долгот на повеќе рати.

Како што соопшти премиерот Зоран Заев, државните органи и јавните институции опфатени со законот, како и УЈП, се должни да го утврдат износот на главниот долг, трошоците и каматата за секој граѓанин во рок од 90 дена од влегување во сила на законот. Потоа, најдоцна за 15 дена ќе треба да ги известат физичките лица – нивни должници со јавна објава на официјалните веб страници, преку медиуми или на друг начин.

Заев ги повика приватните компании да демонстрираат општествена одговорност и на ист ваков начин да им излезат во пресрет на граѓаните.

„Како Влада немаме право да им наложиме на приватните компании ваква законска обврска, но апелираме да го следат овој пример на доброволна основа, да демонстрираат општествена одговорност и да им излезат во пресрет на граѓаните, да покажат разбирање за причините поради кои тие задоцниле со плаќање на обврските кон нив“, рече Заев.

Според него, ова законско решение е еднократна помош за решавање на проблемот на граѓаните кои со задоцнетото плаќање или неплаќање на долговите, акумулирале дополнителен долг врз основа на каматите. Законот ги опфаќа пред се посиромашните и истиот беше вклучен во петтиот пакет мерки.

Извор: Радио слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико