Отпуштените професионални војници се враќаат во институциите
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Професионалните војници на кои им престанал работниот однос во АРМ, ќе бидат распоредени во Министерството за одбрана и во други институции, во согласност со нивното образование и стручни квалификации, заклучно со крајот на февруари 2016 година.
Барањата за вработување тие треба да ги поднесат до крајот на јануари следната година, а во буџетот за 2016 година веќе се одобрени 54 милиони денари за нивните вработувања.
Ова го предвидуваат измените на Законот за служба во АРМ што синоќа, по скратена постапка, едногласно ги изгласа Собранието, со кои треба да се реши статусот на 140 професионални војници.
Собранието ги прифати предлог измените поднесени од пратениците од владејачкото мнозинство Емил Димитриев и Талат Џафери, иако свој предлог закон за измени поднесе и пратеничката Лилјана Попоска, што беше поддржан од опозицијата.
Додека пратениците од владејачкото мнозинство ги оценија измените како „поволни„ и како „афирмативно законско решение„, за Поповска „ВМРО-ДПМНЕ поднела свој предлог по скратена постапка препишувајќи го нејзиниот Предлог-закон“, посочувајќи дека нејзиниот предлог во Собранието бил поднесен на 16 октомври, а на ВМРО-ДПМНЕ на 30 октомври 2015.
На крајот на минатиот месец, двајца од отпуштените професионални војници девет дена штрајкуваа со глад во шатор наспорти Собранието, што го прекинаа откако власта го поднесе предлогот за решавање на нивниот и на статусот на нивните колеги. Министерството за одбрана се бранеше дека Законот не дозволува такво нешто.
Извор: НОВА