Правдико

   

Оценка на јавното мислење и нивото на перцепција за сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основи за утврдување дискриминација

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Слободата, еднаквоста и недискриминацијата претставуваат клучни аспекти на концептот за човековите права и основните слободи. Значаен предизвик на развојот на овој концепт врз основа на слободата, еднаквоста и недискриминацијата претставуваат ограничувањата кои немаат етичка основа, но се базирани на ограничувањата на моралот и традицијата.

Во овој контекст, родовиот идентитет како концепција за сопствениот идентитет и интеракцијата со околината, покрај доминантните категории ги вклучува и лицата со различна сексуална и родова ориентација од доминантната – лезбејките, геј мажите, бисексуалните и трансродовите лица продолжуваат да се соочуваат со исклучување и дискриминација во повеќе форми што се рефлектира во сите сфери на нивното секојдневно живеење. Изгласувањето на измените во Законот за спречување и заштита од дискриминација ја воведоа и сексуалната ориентација на листата основи за потенцијално дискриминаторско однесување. Нашата земја е една од последните земји во регионот што ја додаде сексуалната ориентација како основа според која се забранува дискриминација. Сепак, ефективната имплементација на законската рамка подразбира ангажман не само на надлежните институции, туку и развивање на свеста и вклучување на повеќе засегнати страни, особено на граѓаните. Нивното вклучување, од друга страна, имплицира отсуство на предрасуди и дистанца кон овие групи.

Овој документ ги презентира резултатите од истражувањето на ставовите, перцепциите и постоењето на дискриминација кон лицата со различна сексуална и родова ориентација. Истражувањето е реализирано за потребите на проектот Заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет, кој го реализира Институтот за човекови права, а финансиски е поддржан од Германската амбасада во Скопје.
Целта на проектот е да придонесе кон акција за заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет и нејзино препознавање од страна на националните и локалните власти, правните професионалци и граѓаните, како и зголемување на толеранцијата и прифаќањето на припадниците на ЛГБТИ заедницата.

За потребите на проектот се реализираат две анкетни истражувања, за оценка на јавното мислење и нивото на перцепција за сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основи за утврдување дискриминација. Овој истражувачки извештај е продуциран врз основа на резултатите од првото реализирано анкетно истражување. Во овој контекст,резултатите презентирани во рамки на овој извештај имаат за цел да ги утврдат основните аспекти на перцепциите за сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основи за утврдување дискриминација, кои подоцна ќе бидат предмет на компаративна анализа со резултатите добиени во рамки на второто истражување. Истражувачкиот извештај е поделен на три дела. Во првиот дел е образложена истражувачката методологија. Во рамки на вториот дел презентирани се клучните наоди и резултати од реализираното истражување. Во посебно поглавје сумирани се главните
заклучоци од истражувањето. Комплетните резултати по статистичката обработка на податоците се приложени во Анекс 1, на крајот од овој документ.

Истражувањето можете да го погледнете ТУКА

Партнери на Правдико