Отштета од над 800 илјади евра за несреќата кај Ласкарци | Правдико

Правдико

   

Отштета од над 800 илјади евра за несреќата кај Ласкарци

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Осигурителната компанија „Еуросиг“ ќе треба да исплати отштета од над 800 илјади евра за сообраќајката кај Ласкарци. Претседателот на Советот на експерти на Агенцијата за супервизија за осигурувањето Климе Попоски денеска на прес-конференција рече дека за случајот најверојатно ќе биде исплатена максималната законски предвидената сума.

Максималниот износ по случај, согласно законот за здолжително осигурување, може да изнесува 675 илјади евра, рече Попоски, појаснувајќи дека таа сума ја делат сите во сообраќајката.

Тој додаде дека дополнително по основ на полиса за патници во јавен превоз може да бидат исплатени 200 илјади евра, така што е предвидено 4500 евра по смртен случај, 9000 евра за траен инвалидитет и 2000 евра за повреди и лекување.

Според него, дополнително доколку оштетените имаат основ и побаруваат повеќе од тој максимален износ на штета тогаш тие директно можат таа штета да ја побаруваат од причинителот на штетата.

Извор: Радио Слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико