Отстранети 236 непрописно паркирани возила од јавните површини | Правдико

Правдико

   

Отстранети 236 непрописно паркирани возила од јавните површини

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во текот на изминатата недела (5.12 – 11.12.2019 година) со специјалните возила „пајак“ се подигнати 236 возила од јавните површини. Од вкупниот број непрописно паркирани и подигнати возила, 25 се отстранети од зонските паркиралишта, а преостанатите 211 возила по налог на сообраќајната полиција по основ на сторени прекршоци: паркирање на коловоз, велосипедска патека, пешачки премин, тротоар, зелена површина, спротивно на сообраќајните знаци, како и по повик од трето лице.

Контролорите на зонските паркиралишта во истиот период санкционирале вкупно 333 возила поради нерегулирано паркирање, односно за неплатена паркинг-услуга. Од нив, 25 возила се отстранети со пајак-службата поради пречекорување на дозволеното време на задржување на паркиралиштето.

Град Скопје и јавното претпријатие „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да ги чуваат зеленилото и другите јавни површини, а своите возила да ги паркираат исклучиво на означените паркиралишта. Апелираме сите корисници на услугите за паркирање навреме да го регулираат плаќањето за паркинг-услугата за да не бидат санкционирани и да не им биде поставен блокатор на тркалото. Плаќањето за паркинг-услугата може да се изврши преку СМС-порака или со греб-картичка.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико