Отстранети дивите пазарџии во општина Аеродром | Правдико

Правдико

   

Отстранети дивите пазарџии во општина Аеродром

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Организирана акција за отстранување на дивите препродавачи на најфреквентните локации во општина Аеродром се спроведува деновиве, а во неа учествуваат инспекциската служба на Општината, комуналната инспекција на Град Скопје, пазарната инспекција и полицијата.

„Дивите препродавачи ја попречуваа работата на пазарџиите, кои реагираа до Општината. Дополнително, го отежнуваа движењето на граѓаните на јавните површини со поставување производи за продажба на непредвидени локации. Инспекциските служби пристапија со опомени и акцијата заврши успешно, а јавните површини се исчистени“, стои во соопштението од Општината.

Оттаму додаваат дека комуналните инспектори ќе продолжат континуирано да ја следат состојбата.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико