Отстранување на рестрикциите за пушење на летни терси и бавчи - Предлог измени | Правдико

Правдико

   

Отстранување на рестрикциите за пушење на летни терси и бавчи – Предлог измени

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

cigarette-smoking-in-ashtray-tobacco-sxcСо Законот за заштита од пушењето  се уредува начинот на заштита од штетните влијанија на пушењето на тутун и други производи од тутун врз граѓаните, како и зачувување на животната средина, забрана на пушењето во јавни простории и забрана за рекламирање на цигарите. Според предлагачите на измените, со измените и дополнувањата на текстот на Законот од 2008 година наваму, воведувани се се построги правила на заштитата од пушењето кои, особено во делот на заштитата од пушењето во угостителските објекти, се преограничувачки и за вршителите на угостителската дејност и за корисниците на угостителските услуги и за самите пушачи.

Актуелните законски решенија ја влошија економската состојба во Република Македонија, со тоа што заради драстично намалената посетеност на кафеаните, кафетериите, ноќните барови, кафе баровите, кабареата, дискоклубовите, пивниците и коцкарници, сопствениците беа принудени да отпуштат дел од постојано вработениот персонал, со што се зголеми и бројот на невработени, што е во спротивност со владините кампањи за отварање нови работни места.

Угостителскиот сектор доживува драстичен пад на прометот (околу 75%) особено за време на периодите кога временските прилики не се поволни за работа (зима, доцна есен и рана пролет), период во кој угостителите се дополнително оптоварени со зголемени режиски трошоци (струја, греење и сл.). Од друга страна, намалениот обем на работа за последица има и намалени обврски по основ на ДДВ и престанок на закуп на земјиштето сопственост на Република Македонија за поставување урбана опрема , следствено и комунална такса, со што директна штета трпат и општината и државата.

Угосителите се принудени нивните гости кои сакаат да запалат цигара, или да ги одвратат од намерата да бидат нивни гости, или пак да ги упатат гостите вон деловниот објект, вклучително и вон терасите и летните бавчи, што е мошне неприкладно, недолично и непродуктивно. Контрадикторноста на Законот ја гледаме во тоа што истото дејствие, т.е. запалена цигара надвор од деловниот објект (на тераса, летна бавча и слично), ако се временските услови погодни и преградите подигнати или отстранети , не подлежи на санкција, додека во спротивно подлежи на санкција , која патем е огромна. Тоа угостителите ги става во директна зависност од метеоролошките услови, што е прилично неблагодарна ситуација. Наведените причини ја наметнаа потребата од донесување на измени на овој закон

Со членот 1 се отстранува една контрадикторност од постоечкиот закон. Со овој член се брише алинејата каде што „простор надвор од деловниот објект“ несоодветно терминолошки станува „простор од затворен карактер“ што придонесува до нелогичности и штетни последици во неговото спроведување.. Со членот 2 се овозможува пушењето да биде дозволено исклучиво надвор од деловниот објект со бришење на дополнителни рестриктивни одредби од постоечкиот закон.

Предлог измените можете да ги превземете ТУКА

Партнери на Правдико