Отворен предмет за забава што во саботата ја организирал локал во Прилеп
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Прилепското Основно јавно обвинителство по допрен глас оформи предмет против локал во овој град, каде што во саботата вечерта била организирана забава со поголем број посетители.
Поради ова, локалот, односно неговиот управител, се товари дека сторил кривично дело – непостапување според здравствените прописи за време на пандемија.
Постапувајќи по предметот, прилепското Обвинителство издало наредби за утврдување на фактичката состојба и евентуалната кривична одговорност, како и за обезбедување докази.
Вестите за забавите во баровите и ноќните клубови викендов беа главна тема кога се дозна за неколку вакви случаи во Струмица, Виница и во Прилеп.
Извор: Макфакс