Отворена е дисциплинска постапка за инцидентот со пендрекот во Oдделението за прекршоци
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Претсeдателот на кривичниот суд во Скопје, Иван Џолев, на брифинг со новинарите потврди дека за лицето Горан Стаменковски е отворена дисциплинска постапка за инцидентот со судијата Владимир Панчевски во бараките во Градскиот парк во одделот за прекршоци. Како што рече Џолев, земени се изјави од Панчевски и од Стаменовски, како и од двајца службеници кои биле присутни на настанот. „За одговорност и за однесувањето на судијата, може да расправа само Судскиот совет“, рече Џолев.
Инцидентот меѓу поранешните блиски соработници, експретседателот на кривичниот суд, Владимир Панчевски и Горан Стаменковски, раководител на секторот за човечки ресурси во судот се случи на 18 јануари годинава. Панчевски до полицијата поднесе пријава дека изутрината во 9.30 часот, во неговата канцеларија број 61 во Одделението за прекршоци, влегол Стаменковски и почнал вербално да му се заканува.
Додека Панчевски тврди дека бил вербално нападнат, пцуен и навредуван од Стаменковски, овој го тврди спротивното, дека случајно за време на ревизијата влегол во канцеларија во која бил Панчевски и оти веднаш штом го видел на вратата, му се втурнал со пендрекот и го искошкал надвор, без да го удри.
В. М.
Извор: Макфакс