Отворени дополнителни шалтери за регистрација на системот Е-ПДД и прием на барањата за регистрација | Правдико

Правдико

   

Отворени дополнителни шалтери за регистрација на системот Е-ПДД и прием на барањата за регистрација

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Заради регистрација на граѓаните на системот е-ПДД и прием на барањата за регистрација, покрај шалтерите лоцирани во Регионалната дирекција Скопје (ул.„11 Октомври” бр. 27, спроти Даре Џамбаз) и претходно отворените канцеларии на УЈП во општината Аеродром (општинска зграда на втори кат) и општина Ѓорче Петров (зграда на урбана заедница Ѓорче Петров-кај полициската станица), УЈП отвори и два нови шалтери лоцирани:

  • Во општина Кисела Вода – барака број 4 и
  • Во општина Гази Баба – барака за едношалтерски систем (поранешен даночен шалтер на УЈП).

Канцелариите на УЈП во општините Кисела Вода и Гази Баба ќе бидат отворени од 26.11.2018 година до 31.12.2018 година со работно време од 08:00 до 16:00 часот.

За дополнителни информации, граѓаните можат да се обратат во Инфо центарот 0800 33 000.

Препорачуваме

Партнери на Правдико