Ова се новите средства за присилба кои може да ги користи полицијата | Правдико

Правдико

   

Ова се новите средства за присилба кои може да ги користи полицијата

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

plastic-bullets-e1323258793945Во Законот за полиција во членот 80 предвидени се  кои мерки на присилба може да ги применува полицијата во точно определени случаи. Под присилба  се смета употреба на легитимен, соодветен и пропорционален физички или механички притисок, со примена на средства и на начин пропишани со закон, насочен спрема одредено лице од страна на полицискиот службеник, само во случај кога полициските работи на друг начин не можат да бидат извршени.

Средства за присилба  се: физичка сила, полициска палка, средства за врзување на лица, уред за присилно запирање на возила, службено куче, хемиски средства, огнено оружје, како и посебни видови на оружје и експлозивни средства. Средствата за присилба можат да се употребат, ако целта на постапувањето на Полицијата не може да биде остварена на друг начин.

article-0-004CAA5000000258-802_468x286Основаноста, оправданоста и правилноста на употребата на огнено оружје и употребата на средство за присилба кога е предизвикана тешка телесна повреда или настапи смрт на некое лице или кога средството за присилба е употребено спрема повеќе лица, ги оценува организационата единица на Министерството надлежна за вршење внатрешна контрола и професионални стандарди, која ги разгледува околностите под кои е применето средството за присилба и изготвува извештај со мислење за основаноста, оправданоста и правилноста на употребата на средствата за присилба што го доставува до министерот.

6Употреба на средства за присилба спрема група

Со најновите измени на Законот за полиција  кои ги изгласа собранието, се изврши измена на членот 91 во кој се уредува кои средства на присилба може да ги користи полицијата при воспоставување на нарушен ред и мир во поголем обем спрема група.

Согласно новите измени при воспоставување на нарушен јавен ред и мир во поголем обем, полицискиот службеник е овластен да упати наредба на група лица да се разотидат. Ако групата не се разотиде, дозволена е употреба на следниве средства за присилба:

1) физичка сила;
2) полициска палка;
3) електричен парализатор;
4) хемиски средства;
5) гумен куршум;
6) службени кучиња;
7) специјални возила за јавен ред и мир и
8) пиротехничко-експлозивни средства.

Кога може да се употребат новите средства за присилба

Електричнен парализатор

Електричниот парализатор, се употребува за моментално справување, привремено онеспособување и доведување во послушност на агресивни лица, кога со други средства лицето не може да се доведе во послушност.

Гуменен куршум

Гумениот куршум, се употребува за привремено онеспособување на лица од толпа кои активно го нарушуваат јавниот ред и мир.

Специјални возила за јавен ред и мир

Специјални возила за јавен ред и мир во смисла, се возила со специјални решетки за блокирање на простор, за ограничување на движење, потиснување на толпа и употреба на хемиски средства, како и специјални возила за контрола на толпа со воден млаз.

Пиротехничко-експлозивни средства

Пиротехничко-експлозивни средства, се флеш, шок и чадни бомби кои се употребуваат за воспоставување на нарушен јавен ред и мир, извлекување на лица од затворен простор, одвлекување на внимание или решавање на заложнички ситуации.

Средствата за присилба, можат да се употребат само по наредба на полицискиот службеник кој раководи со акцијата.

–ПРАВДИКО–

Поврзани статии:

– Предвидени глоби за прекршоци против јавниот ред и мир

Партнери на Правдико