Овчар злоупотребувал малолетно девојче
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Вчера е пријавено дека 75 годишниот Д.Д. Од Македонска Каменица извршил полов напад врз девојче кое не наполнило 14 години во текот на месеците јуни и јули лани, информира Министерството за внатрешни работи.
– Истиот во наведениот период престојувал во пехчевското село Умлена работел кај семејството на девојчето како овчар. Имено, Д.Д. во повеќе наврати, свесно искористувајќи згодни прилики, додека девојчето било во нејзината соби или додека спиело, извршувал полови дејствија и задоволување на полови страсти, а понекогаш вршел и физички контакти со детето – велат од МВР додавајќи дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Извор: Нова Македонија