Овластувања на инспекторите од УЈП | Правдико

Правдико

   

Овластувања на инспекторите од УЈП

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

ujp_voziloДаночни службеници се административни службеници вработени во Управата за јавни приходи кои вршат работи од областа на даноците и даночниот систем и водат постапки за сторени прекршоци за кои е надлежна Управата за јавни приходи.

Даночните службеници кои вршат работи од инспекциски надзор и контрола се даночни инспектори и даночни контролори.

Даночните инспектори овластени за:

– привремено одземање на предмети и документи кои можат во прекршочна или кривична постапка да послужат како доказ,
– одземање на добра пуштени во промет за кои не се платени акцизи, како и добра ставени во промет кои не се прописно евидентирани,
– привремена забрана за вршење на дејност со запечатување на објект, опрема или просторија во која ја врши дејноста, во согласност со закон и
– да изречат мандатна казна.

Даночните контролори  се овластени само за:

– контрола на приходите кај даночните обврзници по одредбите од Законот за персонален данок на доход,
– физички попис кај даночните обврзници и
– контрола над спроведувањето на Законот за регистрирање на готовинските плаќања

Даночен службеник на Управата за јавни приходи може да преземе мерки со ставање пломба или други даночни обележја. Пломбите и другите даночни обележја може да бидат отстранети, сменети или уништени само од страна на даночните службеници на Управата за јавни приходи.

fiskalnaКонтрола на готовинските плаќања преку фискален апарат

Контролата ја вршат даночни инспектори и даночни контролори. За вршење на контролата на даночниот обврзник му се доставува работен налог непосредно пред започнување на контролата. Доколку при вршењето на контролата, даночниот инспектор или даночниот контролор утврди дека даночниот обврзник нема воведено фискален систем на опрема за регистрирање на готовинските плаќања составува записник во кој ја внесува констатираната незаконитост.

Врз основа на констатираната незаконитост Управата за јавни приходи донесува времено решение со кое на даночниот обврзник ќе му забрани вршење на дејност во деловната просторија во траење од 30 дена за даночен обврзник правно лице и 30 дена за даночен обврзник физичко лице.

Доколку при вршењето на контролата даночниот инспектор или даночниот контролор утврди дека даночниот обврзник прометот не го регистрира преку фискален апарат, не издава фискална сметка на купувачите, односно на корисниците на услугата или нема инсталирано GPRS терминал и крипто модул, составува записник во кој ја внесува констатираната незаконитост.

Врз основа на  констатираната незаконитост Управата за јавни приходи донесува времено решение со кое на даночниот обврзник ќе му забрани вршење на дејност во деловната просторија во траење од 15 дена за даночен обврзник правно лице и 15 дена за даночен обврзник физичко лице.

Доколку даночниот обврзник во рокот определен со решението , не ги отстрани утврдените незаконитости Управата за јавни приходи ќе донесе времено решение со кое на даночниот обврзник ќе му забрани вршење на дејност во деловната просторија во траење од:

– 60 дена за даночен обврзник правно лице и
– 60 дена за даночен обврзник физичко лице.

За констатирана незаконитост  покрај решението за изрекување времена забрана за вршење дејност, на даночниот обврзник даночниот контролор и даночниот  инспектор ќе му издаде покана за плаќање на глоба која даночниот обврзник е должен да ја плати во рок од осум дена од денот на врачувањето на поканата.

Против решението  даночниот обврзник може да изјави жалба до Министерството за финансии. Жалбата не го одлага извршувањето на решението.

ujp-inspekcija-maja-janevska4Надворешна контрола

Управата за јавни приходи е овластена да врши надворешна контрола како:

1. контрола на претпријатија;
2. контрола на данокот на додадена вредност (ДДВ), и
3. други видови на надворешна контрола за кои е надлежна Управата за јавни приходи.

Надворешната контрола е допуштена кај даночни обврзници:

1. трговски друштва;
2. земјоделско, шумарско и водостопанско претпријатие или се занимаваат со слободни занимања(адвокати, нотари, извршители, лекари) и други вршители на дејност и
3. кај даночни обврзници кои не ја исполниле обврската за регистрација

Надворешната контрола ја вршат овластени даночни инспектори. Надворешната контрола служи за утврдување и преиспитување на даночните односи на даночниот обврзник. Таа може да опфати еден или повеќе видови даноци, еден или повеќе периоди на оданочување, или пак, да се ограничи на одделни фактички состојби.

Предметот и периодот на надворешната контрола го определува раководителот на надлежното одделение за надворешна контрола , во писмено изготвен налог за контрола.

Надворешната контрола се врши во деловните простории на даночниот обврзник. Даночниот обврзник за таа цел мора бесплатно да стави на расплолагање соодветно место за работа и потребна опрема. Инспекторот има право да влегува на земјиште и во деловни простории во кои даночниот обврзник ја врши дејноста и да ги прегледа. На даночниот обврзник или на неговиот застапник  мора да им се овозможи присуство при прегледувањето на деловните простории.

Инспекторот за надворешна контрола е должен да ја покаже легитимацијата на почетокот на вршење на надворешната контрола. Инспекторот мора да ги испита фактичките и правните односи кои се меродавни за основите за оданочување (даночната обврска и за одмерување на даноците). Контролата се врши како во случаи кога тоа оди во полза на даночниот обврзник, така и во случаи кога тоа не е во негова полза.  Надворешната контрола треба да биде насочена кон суштинското. Инспекторот треба да определи тежишта на контролата. Областите кои не се од значење за контролата треба да се исклучат.  Траењето на надворешната контрола треба да се ограничи на потребното време.

Доколку во текот на надворешната контрола се покаже дека нема релевантни констатации во поглед на предметот на контролата,  во тој случај контролата треба да се запре.

За резултатот од надворешната контрола се изготвува записник во писмена форма

Обврски на даночниот обврзник

Даночниот обврзник е должен да соработува во утврдувањето на фактичката состојба. Даночниот обврзник својата обврска за соработка ја исполнува преку потполно и веродостојно приложување на фактите кои се значајни за оданочувањето, а ги доставува и нему познатите доказни средства. Опфатот на овие должности се определува според околностите на секој поединечен случај.

–ПРАВДИКО–

Поврзани статии:

– Кој е должен да воведе фискален систем?

– Воведување фискален апарат според новите законски измени

Фискализација – права на потрошувачите

Препорачуваме

Партнери на Правдико