Правдико

   

Пад на рубљата – Русија притисната до ѕид?

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Руската Централна банка се обидува да стори сѐ за да ја запре девалвацијата на рубљата. Но, досегашните мерки не помогнаа. Дали се заканува запаѓање во длабока економска криза?

0,,18083964_303,00

Руската Централна банка ноќта кон вторникот (16.12.2014) повторно се обиде да го сопре падот на рубљата. Банката драстично ја подигна основната каматна стапка од 10,5 на 17 проценти. На тој начин треба да се ограничи „значителното намалување на вредноста“ на оваа валута, појасни Централната банка. Елвира Набиулина, шефицата на Централната банка вчера за телевизијата „Расија 24“ изјави дека била подготвена за координирана акција со Кремљ. Централната банка уште изминатата недела правеше обиди да го спречи обезвреднувањето на рубљата преземајќи мерки за стабилизација со намалување на понудата на резерви на берзата како и со мало покачување на каматите.

Меѓутоа тоа не помогна, мерките не донесоа промени, напротив за првпат мораа да се платат 80 рубљи за еден долар и 100 рубљи за едно евро. Од почетокот на годината валутата загуби речиси 60 проценти од својата вредност. Причините за падот на вредноста се пред сѐ постојаното паѓање на цената на нафтата како и санкциите на Западот против Русија поради конфликтот во Украина. Со паѓањето на валутата значително се покачија цените за руските потрошувачи.

Сеќавање на кризната 1998 година

Според новинската агенција Ројтерс, аналитичарите говореле за паника. „Кружат гласини дека земјата би можела да западне во околности како во кризната 1998 година“, вели Алена Афанасјева од Форекс клубот во Москва.

Во 1998 година масовното одлевање на капиталот предизвика длабока економска криза и домашната валута започна да опаѓа. Земјата на крајот мораше да биде стабилизирана со кредити во милијарди од ММФ и Светска банка.

„Русија нема да се скрши“, вели експертот за источна Европа Ханс-Хенинг Шредер од Слободниот универзитет во Берлин за ДВ. Земјата има значителни проблеми и тие во наредните години ќе ги чувствува најголемиот дел од населението, ја опишува експертот актуелната ситуација. Но, тој не гледа причина за тоа да се укинат западните санкции без руското раководство да направи компромиси и јасно да покаже дека е подготвено да учествува во европскиот мировен поредок.

Фолкер Хелмајер, главен аналитичар на Ландесбанк од Бремен сѐ уште позитивно ја оценува економската положба на Русија и покрај драматичната девалвација на рубљата и смета дека е „н споредлива“ со кризното сценарио од пред повеќе од 15 години. „Русија има трети по големина девизни резерви во светот, имено 420 милијарди американски долари“, нагласува аналитичарот во разговор со ДВ. САД има 120, додека еврозоната 220 милијарди.

„Освен тоа Русија има буџетски суфицит од плус 1,5 проценти во тековната година. Во Германија сме на нула, додека САД има минус од 5,5 проценти од стопанскиот учинок“. Згора на тоа Русија со државно задолжување од само 13 проценти споредбено стои добро. „Ние овде во Германија имаме квота на задолжување од 77 проценти, САД од 108 проценти од економскиот учинок“, вели аналитичарот.

Санкциите делуваат психолошки

Во однос на фундаменталнити податоци Русија стои прилично добро. Нема причина за паника? Експертот за источна Европа укажува на динамиката која се развиваше во последните месеци.

„Натамошното зајакнување на санкциите во јули навистина имаше поголемо влијание, од очекуваното“, вели Шредер. Притисокот требаше да биде извршен врз одредени банки, но психолошки се прошири врз целокупното руско стопанство. Инвеститорите изостанаа, парите истекуваат. „Прашањето е дали со оглед на растечките проблеми ќе се придвижи политичкото раководство и сега можеби ќе биде подготвено за стапи во разговор со ЕУ за ситуацијата во источна Украина“.

Шопинг како реакција

Делови од руското општество реагираат посебно на девалвацијата на рубљата – тие западнаа во шопинг-занос. Многумина Руси во моментов ги посетуваат супермаркетите за електро-производи, продавниците за мебел и авто-салоните каде сакаат да ги вложат своите заштеди пред натамошно да експлодираат цените и рубљата да загуби уште повеќе од својата вредност.

Имено Русите имамат искуство во менувачкиот курс и инфлационите механизми. Во изминатите 25 години тие веќе преживеаја повеќе тешки кризи на нивната валута и гледаа како им се губат нивните заштеди. „По оваа точка Русија се разликува од индустриските земји, каде луѓето почнуваат да штедат кога почнува криза“, вели економскиот експерт Игор Николајев. „Кај нас тоа доаѓа со силната девалвација на парите, луѓето трошат повеќе што ја релаксира ситуацијата за одредено време“, дополнува аналитичарот на претпријатието за советување ФБК.

Извор: Deutsche Welle

 

Партнери на Правдико