Пакети со лекови откриени во автомобил на косовски државјанин кај Радишани
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Полицијата открила пакети со лекови во багажник на автомобил на косовски државјанин кој бил запрен на обиколницата во Скопје кај Радишани.
Според информациите на МВР, вчера, во 18.45 часот, полициски службеници запреле автомобил „опел“ со косовски регистарски ознаки, управувано од Р.А. од Косово. При проверка во багажниот дел на возилото биле пронајдени повеќе пакети со лекови.
Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело недозволена трговија, Р.А. бил приведен во Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.
Извор: Макфакс