Пакистанци ограбиле и нападнале свои сограѓани кај селото Ваксинце | Правдико

Правдико

   

Пакистанци ограбиле и нападнале свои сограѓани кај селото Ваксинце

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Две лица од Пакистан пријавиле дека синоќа на пат од селото Лојане кон селото Ваксинце со употреба на сила им биле одземени пари и мобилен телефон од пет непознати лица од Пакистан.

Потоа, како што информираат од МВР, двајцата биле физички нападнати, при што М.Ј. бил повреден со нож, а А.А. со тврд предмет.

„М.Ј и А.А. биле пренесени во Општата болница Куманово за укажување лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово и се преземаат мреки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико