Кои биле Паоло Борселино и Џовани Фалконе ? | Правдико

Правдико

   

Кои биле Паоло Борселино и Џовани Фалконе ?

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Паоло Борселино и Џовани Фалконе се сметаат за италјански но и светски херои заради нивната промоција на владеењето на правото и борбата против криминалот. Тие се познати по борбата против италијанската, поточно сицилијанската мафија, односно едногодишното мега-судење од 1986 до 1987. На тоа судење, потпомогнати од уште двајца нивни соработници, успеваат да затворат дури 475 мафијаши од сицилијанската мафија Коза Ностра.

giovanni-falcone-paolo-borsellino

Ги викаат и италјанските „недопирливи“, тие го сменија начинот на борба против организираниот криминал, успеаја да ја сменат Италија и Сицилија од корен, да станат светски пример како да се бори против ова организирано модерно зло.

Борселино беше роден во Палермо на Јануари 19-ти 1940-та година. Уште од најмали години тој се дружи со Фалконе, кој исто така беше роден во истото соседство на 18-ти Мај 1939 година. Заедно одат на училиште и играат фудбал. Уште во тоа време влијанието на мафијата било присутно, и двајцата имаа соученици кои завршија како „мафиози.“ Фамилијата на Борселино се исселува од соседството во 1956 година, па и двајцата губат контакт некое време.

Борселино и Фалконе се среќаваат повторно на Универзитето во Палермо. Тие никогаш не се зачленуваат во ниедна политичка партија, но иако делеле различни мислења во врска со политичките движења, и двајцата биле согласни и сакале да се насочат кон една цел – борба против мафијата. Заради таа причина двајцата одлучуваат да се запишат на правен факултет.

Џовани Фалконе завршува правен факултет во 1961-ва година и почнува да работи во областа на правото за во 1964-та година да биде назначен за судија. Тој се насочува кон казнено право работејќи како окружен судија, за потоа да биде вклучен во судот за банкрот во Палермо.

Борселино исто така добива диплома за завршен правен факултет со посебно истакнување, во 1962. Завршува правосуден во 1963, а потоа работи во повеќе градови во Сицилија.

Ни Борселино ни Фалконе немаа намера да се вклучат во битката против мафијата. Тие беа ставени на случаи во кои била вмешана мафијата, а тоа продолжи да се раширува, а тие стануваа се повознемирени. Тие гледаа како нивните колеги беа убивани борејќи се против мафијата, и стигнаа до точка каде што нема повеќе враќање назад.

Покрај нивните долгогодишни залагања и различни но ефективни методи за борба против мафијата, неуморно работење под големо полициско обезбедување, како врв на нивната кариера и врв на тогашното судство во Италија а можеби и во светот, е така-нареченото „Макси судење“.

Главен асет на тоа судење беше првиот бос на Сицилијанските мафиози, Томазо Бускета, кој беше во улога на поткажувач инфилтриран длабоко во структурата на мафијата. Бускета го откри постоењето и работењето на Комисијата на Сицилијанската Мафија. Тоа му овозможи на Фалконе да тврди дела Коза Ностра е единствена хиерархиска структура на чело со Комисијата и нејзините лидери, кои што не би ги валкале рацете со криминални акти, да одговараат за криминалните активности кои се извршени за бенефитот на организацијата. Оваа претпоставка стана позната како Бускетина теорема и беше легално призната со потврдување на одлуката донесена на „Макси судењето“ во Јануари 1992.

И двајцата беа убиени од страна на Италјанската мафија. Фалконе загинал на 23 Мај 1992 година заедно со неговата жена и тројца полициски офицери, кога беше детонирана бомба од страна на Џовани Вруска кој што беше најмен да ги убие.

На сличен начин загинува неговиот партнер Борселино на 19 Јуни истата година, само 2 месеци по смртта на Фалконе. Борселино и 5 полициски офицери се жртви на автомобил-бомба детонирана во округот на Палермо. Во неговото последно интервју, Паоло тврди за поврзаност помеѓу Коза Ностра и идниот премиер на Италија, Силвио Берлускони.

— ПРАВДИКО —

Препорачуваме

Партнери на Правдико