Парафиран новиот Колективен договор меѓу МВР и МПС | Правдико

Правдико

   

Парафиран новиот Колективен договор меѓу МВР и МПС

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

nov kolektiven doigovor mvr 20.04.2015Вчера (20.04) МВР и полицискиот синдикат го парафираа новиот Колективен договор кој треба да ги поправи сите недостатоци и пропусти во претходниот договор.

“Денеска добиваме еден модерен Колективен договор, усогласен со меѓународните стандарди. Со него децидно се утврдени постапките со кои се овозможува остварување на правата и обврските на работниците во Министерството за внатрешни работи што произлегуваат од работниот однос. Сите заедно дојдовме до еден документ во кој се имплементирани највисоките стандарди на Европската Унија во однос на уредување на работата на администрацијата.“

Ова меѓу другото го истакна министерката за внатрешни работи м-р Гордана Јанкулоска а по повод денешното парафирање на новиот Колективен договор за вработените во министерството, меѓу МВР и Македонскиот полициски синдикат, претставуван од неговиот претседател Тихомир Климоски.

Како што нагласи министерката Јанкулоска денешното потпишување на новиот Колективен договор всушност претставува епилог на повеќемесечна работа и интензивни преговори помеѓу МВР и Македонскиот полициски синдикат. “Со ваквиот пристап покажавме дека успехот и задоволството на двете страни се можни само доколку пристапот е искрен, сериозен и професионален, а крајните цели се заеднички. Подобрувањето на условите за работа и зголемување на сигурноста, но и одговорноста на работното место, како предуслов за поголема ефикасност во работењето, овој пат беа и наша и цел на полицискиот синдикат“, потенцираше Јанкулоска.

Во рамки на Колективниот договор нормирани се 342 члена, во кои се корегирани сите недостатоци и недоследности констатирани во претходниот ваков акт. Притоа, меѓу другото направена е јасна класификација на работните места по нивоа, пришто се создадени услови за поефикасно имплементирање на системот на кариера. Согласно одредбите од Законот за внатрешни работи со кои се уредува оценувањето на ефектот на работниците во Министерството, во новиот Колективен договор е разработена и постапката за спроведување на мерките за одличен и слаб ефект, во чии рамки меѓу другото, се предвидува со оценка “5“ да може да бидат оценети најмногу 5% од оценетите работници од конечната ранг листа на оценки на сите работници во Министерството и истите да бидат наградени со бонус во износ од една основна плата на наградениот работник. Новина е и тоа што вработените ќе бидат оценувани од обучени и сертифицирани оценувачи.

Покрај ова поедноставено е водењето на дисциплинските постапки, а одредбите од новиот Колективен договор се усогласени и со Законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи, со кои се предвидува соодветно регулирање, односно зацврстување на системот на контрола и времено или трајно одземање на службено оружје кое го должат службени лица, во случај кога против истите се води постапка за било каков вид на насилство, односно кога постојат околности дека службеното лице истото оружје може да биде злоупотребено.

Недно, извршено е усогласување и со решенијата на Законот за безбедност и здравје при работа, како и усогласување на Колективниот договор со со решенијата од Законот за работните односи, пред се во начинот на користење на годишен одмор, прекувремената работа, спецификите на правото на неплатено родителско отсуство, вознемирување на работно место и слично.

Препорачуваме

Партнери на Правдико