Парична казна за две лица од Гевгелија, кои по враќањето од Германија не останале во изолација | Правдико

Правдико

   

Парична казна за две лица од Гевгелија, кои по враќањето од Германија не останале во изолација

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Гевгелија денеска до Основниот суд – Гевгелија достави Предлог за издавање на казнен налог против две лица за сторено кривично дело Непостапување според прописите за време на пандемија предвидено и казниво по член 206 од Кривичниот законик.

Во предлогот обвинителството бара лицата да се прогласат за виновни и да им биде изречена парична казна во висина од по 100 дневни глоби или вкупна вредност од 123.000,00 денари за двете лица.

Обвинетите на 13 овој месец со авионски лет допатувале од Германија, земја со висок ризик на зараза, на Меѓународниот аеродром во Скопје. Покрај упатството со кое им било укажано за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена, тие не постапиле по Одлуката на Владата за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирус. Во критичниот период од 14.03.2020 – 17.03.2020 година контактирале со повеќе лица, дури и биле во Отсекот за управни работи во Валандово. Со овие дејствија обвинетите го сториле кривичното дело што им се става на товар.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико