Парични глоби и привремено затворање на осум деловни објекти во Охрид
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Управата за јавни приходи (УЈП) во Охрид изрече парични глоби и привремено затвори осум деловни објекти во Охрид.
Во акцијата, спроведена викендов, инспекторите констатирале неправилности во работењето. Поради неиздавање фискални сметки, им биле изречени глоби и мерка привремено затворање во период од 15 дена, а дополнително кај уште два деловни субјекти било утврдено дека се продаваат алкохолни пијалаци без бандероли.
Управата за јавни приходи претходно најави дека поради зголемениот обем на работа, ќе врши засилени контроли во туристичките центри, за превенција од појава на финансиски малверзации и даночен ризик кај одредени дејности, кои се особено активни во екот на туристичката сезона.
Извор: Мета.мк