Парични казни за адвокатите кои го напуштија рочиштето за „Диво Насеље“ | Правдико

Правдико

   

Парични казни за адвокатите кои го напуштија рочиштето за „Диво Насеље“

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

По 1 200 евра парична казна судот им одреди на адвокатите Насер Рауфи, Бујар Дардишта и Мефаил Арслани, кои демонстративно го напуштија рочиштето за „Диво Насеље“ поради лошите услови во кои се одвива судењето.

osnoven-sud-skopje

Според судот, тие извршиле повреда на установата, го нарушиле редот и мирот, и со своето однесување ја пролонгираат постапката и затоа ќе треба да ги надоместат сите трошоци за денешната расправа.

Третиот адвокат, Мефаиљ Арслани, кој ја напушти судницата е ослободен од надоместот на останатите трошоци , затоа што по напуштање на салата, обезбедил присуство на друг бранител.

Aдвокатот Рауфи рече дека изречената казна би требало да ја плати судот, бидејќи е должен да обезбеди услови за непречено одвивање на сослушувањето. Во знак на револт, тој ја напушти судницата и побара пред наредното сослушување на сведоци судот прво да обезбеди услови.

– Нема никакви предуслови, ние сме практично во неможност да контактираме со нашите клиенти во текот на расправата, бидејќи физички не се до нас, а тоа неопходно, согласно одредбите на новиот Закон за кривична постапка, бранителот и клиентот треба да седат еден до друг, рече адвокатот Рауфи.

Судијката образложи дека Судот единствено ја поседуваа таа поголема судница и според неа обезбедени се можности за присуство на сите обвинети како и во границите на можностите и на роднините.

Адвокатите сметаат дека залудни се обидите на судот да обезбеди услови, бидејќи опструкциите доаѓаат од повисоките правосудни органи. Тие велат дека на нивните барања треба да се приклучат и новинарите со цел да се овозможат достојни услови за следење на сите судски процеси. Според нив, во салата нема место ниту каде да ги остават чантите.

-Колегите се казнети бидејќи согласно Законот демек го нарушиле редот во судот. Ние на судот му порачавме дека секој од бранителите треба да има свое место до обвинетиот, да се овозможат услови да присуствува барем по еден роднина и да се обезбеди присуство на новинарите. Треба и вие новинарите да се изборите за фер услови, поготово за овој сензибилен случај. Судот е должен да го обезбеди тоа, не бараме ништо повеќе од фер услови. Доколку не се обезбедат, на наредното рочиште нема да присуствува ниеден бранител, порача адвокатот Љупчо Веселиновски, кој исто така е дел од одбраната.

И денеска новинарите беа сместени во библиотеката на судот, од каде рочиштето го следеа во живо преку видео пренос.

Внатре во салата беа претставници на ОБСЕ и невладини организации од земјава, а околу триесет роднини исходот го чекаа пред судот, бидејќи внатре имаше место најмногу за 15 луѓе. Ниту еден од роднините не влезе во салата, а сите кои чека апред судот денеска ќе побараат прием и во косовската амбасада за да се пожалат за условите во кои се одвива судењето.

Од судот велат дека направени се сите напори да се обезбедат сите неопходни услови за водење на постапката.

Оттаму порачуваат дека роднините можат ги посетат обвинетите во установите каде ја издржуваат мерката притвор. Во писмената реакција од судот велат дека Законот за кривична постапка не предвидува дека мора да им се дозволи на роднините да присуствуваат на судењето.

Ново судско рочиште е закажано на 8. март .

Ова е петто продолжение на судењето за настаните во кумановската населба Диво Насеље. Во ноември минатата година Основното јавно обвинителство поднесе обвинение против 29 лица за кривични дела „терористичка организација” и „тероризам”, за настаните од 9 мај минатата година кога во кумановската населба беа убиени 8 припадници на полициските единици, а 37 беа повредени, а од другата страна беа убиени и 10 припадници на вооружената група.

Извор: НОВА ТВ

Препорачуваме

Партнери на Правдико