Парични казни за напаѓачот на новинарот Павле Беловски | Правдико

Правдико

   

Парични казни за напаѓачот на новинарот Павле Беловски

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

image-1Министерството за внатрешни работи поднесе прекршочни пријави кои предвидуваат парични казни против триесет и двегодишниот Коста Попризов кој во четвртокот вечерта го нападна новинарот на телевизијата Телма, Павле Беловски.

На напаѓачот поднесени му се прекршочни пријави по член 6 и член 12 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

„Кој на јавно место се оддава на пијанство или во пијана состојба го нарушува јавниот ред и мир ќе му се изрече глоба во износ од 100 до 400 евра во денарска противвредност“, се вели во членот 6.

„Кој на јавно место физички ќе нападне друго лице ќе му се изрече глоба во износ од 600 до 800 евра во денарска протввредност“, стои во членот 12.

Беловски беше нападант пред Министерството за внатрешни работи на работна задача, непосредно пред да известува во живо од пред Министерството, каде веќе два дека Специјалното јавно обвинителство спроведува судски наредби, поточно во зградата на Управата за безбедност и контраразузнавање.

Напаѓачот бил пијан и почнал со политички квалификации да го провоцира Беловски, кој го игнорирал. Потоа му пришол од зад грб и го нападнал со раце и нозе во пределот на главата и телото.

„Бев нападнат физички, грубо, тенденциозно само заради тоа што во делокругот на извршувањето на моите работни обврски налетав на непресметливо лице, под дејство на алкохол и од она што ми го соопшти полицијата, веќе познат насилник. Млад човек, како мене, на кого му беше поважно што рабтам отколку кој сум, ме запозна со тупаници, за жал. Една модринка и една џумка на главата. Полицајците кои го обезбедуваат Министерството, изненадени од жестината на нападот молскавично го совладаа, Пријавата во полициската станица Центар е уредна и професионална. Не го сокрив нападот бидејќи вечерва беше нападната мојата професија, беше нападнат репортер, не личност. На моето место можеа да бидат моите колешки кои немаат мускули и цврсти плеќи. Вербалните напади веќе не ги бројам, ниту оние во кои за влакно сум се извлекол, да не јадам ќотек. Жалам што живеам во општество во кое новинарството е провокација, а не ценета и почитувана професија која ја работат луѓе со ентузијазам и желба за подобро општество и подобро утре“, напиша Беловски на својот Фејсбук профил.

Нападот го осудија сите новинарси здруженија и политички партии во земјава.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико