Правдико

   

Париз летово ќе ангажира 5 000 полицајци дневно за заштита на туристите

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Пет илјади полицајци во Париз ќе бидат на должност секој ден летово за да им помогнат на туристите и да ги заштитат од бандите џепчии и измамници кои демнат странски посетители, пренесува француски „Локал“.

„Правиме сè што можеме за туристите да се безбедни во сигурен и мирен град без да го трансформираме градот во бункер”, вели шефот на полицијата на Париз, Мишел Делпуе.

Лувр е една од седумте локации во француската престолнина кои летово ќе добијат посебно полициско внимание. Другите се Монмартр, Елисејските Полиња, областа околу Трокадеро и Ајфеловата кула, Латинскиот кварт, Шателе и Опера.

Париз пречека 18 милиони туристи минатата година, а бројката е уште поголема во 2018 година. Обидот да се задржи градот безбеден е голем потфат, а летово 5000 полицајци ќе бидат распоредени за време на шпицот, од 11 јуни до 30 септември.

„Деведесет отсто од кражбите кај туристите се од џепчии или улични продавачи, ловци на картички или луѓе со лажни молби”, изјави за „Ле паризиен“ Фредерик Дупуш, висок претставник за безбедност во Париз.

Податоците од локалното Министерството за внатрешни работи покажуваат дека лани во Париз имало 134 000 ненасилни кражби, кои вклучуваат џепарење и крадење чанта или мобилни телефони. Полициските статистики од летната сезона минатата година покажуваат дека од средината на јуни до средината на септември биле уапсени 1.887 улични продавачи на мини Ајфелови кули и други украси, а во седумте главни туристички зони на градот биле забележани 703 кражби на чанти и мобилни телефони.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико