Париз водведе нови мерки во сообраќајот поради загадениот воздух | Правдико

Правдико

   

Париз водведе нови мерки во сообраќајот поради загадениот воздух

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Поради големата загаденост на воздухот, градските власти во француската престолнина Париз, соопштија дека вовеле измени во сообраќајот.

pariz-trafic

Приватните автомобили чии регистарски таблички завршуваат на непарен број, во вторник, не ќе може да влезат во градот, ниту во 22 предградија што го опколуваат. Возилата чии регистерски таблички завршуваат со непарен број ќе можат да возат низ Париз, но само во случај да превезуваат повеќе од тројца патници.

Градските власти на Париз не соопштија дали овие мерки ќе и во среда, но информираа дека денес жителите ќе можат бесплатно да го користат јавниот превоз. .

Податоците на француската Агенција за управување со околината и енергијата, покажуваат дека возилата испуштаат две третини од емисијата на азот диоксид и 55 отсто од емисијата на штетни честички во Париз. Азот диоксидот што го испуштаат возилата на дизел, кај децата може да предизвика астма или болест на белите дробови.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико