Парламентот на Јужна Кореја изгласа импичмент на претседателката | Правдико

Правдико

   

Парламентот на Јужна Кореја изгласа импичмент на претседателката

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

koreaПратениците на јужнокрејскиот парламент гласаа за отпивикување на претседателката Парк Гуен-хие поради корупциски скандал. Предлогот за отповикување беше усвоен со 234 гласови „за“ и 56 „против“што значи дека за отповикување на претседателката гласале и некои членови на владејачката партија Саенури.

Надлежностите на претседателката сега преминуваат во рацете на премиерот Хванг Куо-ан.

Претседтаелката беше вовлечена во политички скандал кој доведе илјадници граѓани да излезат на улиците и да протестираат последниве неколку недели, барајќи нејзино отповикување.

Во срцето на кризата е односот на претеседателката Парк со една блиска личност од доверба, Чои Сун-сил, која е обвинета за користење на врските со претседателката за добивање влијание и финанскиски бенефиции.

Обвинителите тврдат дека Парк имала значителна улога во наводната корупција, што таа го негираше, и во текот на последните неколку недели таа во неколку наврати се извини за нејзината улога во скандалот.

Гласањето значи дека Парк сега е суспендирана од својата функција, но одлуката ќе стапи во сила доколку добие одобрение од деветте судии на Уставниот суд, кој имаат период од шест месеци да го разгледаат случајот и да се изјаснат.

Ако се потврди одлуката на народното собрание, тогаш Парк ќе биде сменета. Таа ќе биде првиот актуелен претседател на Јужна Кореја симнат од власта во демократската ера во земјата.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико