Партиите трошеле двојно повеќе пари за кампања отколку што добиле | Правдико

Правдико

   

Партиите трошеле двојно повеќе пари за кампања отколку што добиле

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Политичките партии во изборната кампања потрошиле двојно повеќе пари отколку што имале приходи, соопшти „Транспарентност Македонија“.

taseva-1

Според резултатите добиени од надзорот на трошењата на политичките партии во периодот од 1 до 9 декември и од анализата на вторите финансиски извештаи што политичките партии ги доставиле до надлежните институции, вкупните приходи на сите политички партии биле 88.314.902 денари, односно 1.436.015 евра, а расходите биле 195.501.767 денари или 3.178.890 евра.

Слаѓана Тасева од „Транспарентност Македонија“изнформираше дека најголем дел од трошоците политичките партии ги имале за телевизиски рекламни кампањи, митинзи, средби со граѓани и за печатење пропаганден материјал. Но, останува непозната сумата што е потрошена за рекламирање на интернет, кое политичарите го плаќале лично наместо од изборната сметка.

„Голема сума пари останува во сивата зона на рекламирањето на интернет. Не знаеме колку пари се потрошени за кампањи на интернет. Политичарите овие трошоци ги покриваат од лични сметки, а не од изборната сметка. Интересно е што во албанските печатени медиуми, рекламирањето е платено од поединци, односно од министри, а не од партија. ДУИ, а и други албански политички партии, имаат прикажано нула трошоци за реклами во печатени медиуми“, изјави Тасева.

Финансиските извештаи за периодот од 1 до 9 декември, како што рече, покажуваат дека во однос на објавите на националните телевизии, ВМРО-ДПМНЕ се огласувала најмногу, а СДСМ се рекламирал помалку, ама тоа го чинело повеќе, што според Тасева е феномен. Сега, треба да се види и како ќе се пополни дупката кај ВМРО-ДПМНЕ и на Коалицијата за живот во Македонија која пријавила вкупни приходи од 294.825 евра и расходи од 1.905.898 евра.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико