Партиите за независност на Каталонија победија на изборите
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Партиите што се залагаат за независност на Каталонија денеска освоија мнозинство на регионалните избори, покажуваат неофицијалните резултати.
По повеќе од 90 отсто од преброените гласови, сојузот на двете сепаратистички партии освоил 72 од 135 места во регионалниот парламент, јавува „Би-Би-Си“.
Владејачката партија, Ковергенсија, на каталонскиот лидер Артур Мас, и Ескера републикана формираа заедничка листа под називот „Заедно за да“.
Тие претходно наведоа дека денешните избори се де факто референдум за независност од Шпанија и оти победата на изборите им дала право еднострано да прогласат независност во рок од 18 месеци.
Централната влада во Мадрид најави дека судски ќе ги блокира таквите потези. Каталонскиот лидер Артур Мас прогласи победа на изборите и рече дека станува збор за два победи, од кои една за коалицијата и една за демократијата.
Листата „Заедно за Да“ освои 62 места, додека радикалната пратија Кандидатура за народно единство освои 10 места.
Извор: МЕТА.мк