Правдико

   

Пасошот и имотот на газдата на печатницата „Европа 92“ назад – бараат адвокатите по одлуката на Врховен за СЈО

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Адвокатот на осомничениот директор на печаницата „Европа 92“ од Кочани, Ратко Димитровски во истрагата „Поштенска банка“ за „Макфакс“ потврди дека поднел барање до кривичниот суд со кое бара да му бидат укинати сите мерки кои му биле определени од кривичниот суд во оваа постапка на СЈО. Ова следува по начелното правно мислење на највисокиот суд во државата за истрагите на специјалното јавно обвинителство кои се отворени по рокот од 18 месеци.

Станува збор за одлуките за замрзнувањето на имотот и враќањето на пасошот, кои судот им ги изрече на осомничените кон крајот на минатата година на предлог на специјалното јавно обвинителство.

Се очекува тавкиот предлог да го следат и останатите осомничени. На барање на СЈО, Основниот суд Скопје 1 го замрзна имотот на правните лица „Европа 92 ДООЕЛ Кочани“ и „НОЕЛ експорт-импорт ДООЕЛ Гевгелија“ и имот на име на нивните сопственици, осомничените лица во истрагата за перење пари „Поштенска банка“, Ратко Димитровски и Томе Главчев.

„Поштенска банка“ е истрага која СЈО ја отвори на 13 октомври лани, а опфаќа повеќе поврзани настани за кривични дела перење пари и други приноси од казниво дело. Со неа се опфатени девет лица: Ратко Димитровски, Коле Смилевски, Томе Главчев, Викица Поповски, Георги Каратолис, Кирил Јаневски, Зоранчо Митровски, Ристо Милев и Златко Ѓорчев. Според СЈО, од извршените кривични дела сторени во временскиот период од 2001 до 2010 била прибавена имотна корист во износ од околу 5 милиони евра.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико