Пауновски: Не ги отворајте рестораните без да има одлука | Правдико

Правдико

   

Пауновски: Не ги отворајте рестораните без да има одлука

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Пазарните инспектори од 4 до 11 месецов извршиле вкупно 2.221 инспекциски надзори при што затвориле пет угостителски објекти во Кичево, Охрид, Тетово и Струмица, кои работеле и покрај забраната и мерките од Владата за спречување на ширењето на коронавирусот.

Директорот на Државниот пазарен инспекторат, Стојко Пауновски, денеска апелираше да се почитуваат одлуките за забрана за работа се до официјално соопштување на најавените промени.

„Многу објекти се осмелија дури и во полициски час да отвораат и да се собираат луѓе. Се што правиме е за здравјето на луѓето“, рече Пауновски на редовната прес-конференција на Инспекцискиот совет и побара угостителите да не ги отвораат објектите додека не се донесе одлука за тоа.

Извор: Радио Слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико