Пазарџиите бараат целосно укинување на законот, се закануваат со генерален штрајк и Уставен | Правдико

Правдико

   

Пазарџиите бараат целосно укинување на законот, се закануваат со генерален штрајк и Уставен

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Владата денеска на седница, по барање на Собранието, треба да даде мислење за Предлог-законот за престанување на важење на Законот за трговија на зелени пазари, по итна постапка. Пазарџиите вчера уште еднаш се заканија ако не се прифати нивното барање за укинување на Законот, тие ќе стапат во генерален штрајк на сите зелени пазари.

Исто така, тие најавија дека ќе поведат  иницијатва пред Уставниот суд за да го укинат, а не, како што се предлага со новиот предлог закон, да се пролонгира примената за една година.

Минатиот месец пратениците изгласаа да се одложи примената на Законот за трговија на зелени пазари за една година. За одложување на законот гласаа 57 пратеници, а 12 беа против.

Според законот, тезгаџија ќе плаќа по 60 евра лиценца за тезга и плус 40 за секоја наредна.

Извор: НоваТВ

Препорачуваме

Партнери на Правдико