Правдико

   

Пендаровски го свика Советот за безбедност поради Ковид-19

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Советот за безбедност на Република Северна Македонија утре во 11 часот, во претседателската „Вила Водно“, ќе одржи седница за актуелната ситуација со пандемијата на Ковид-19, соопшти Претседателскиот кабинет.

На седницата, како што соопшти кабинетот на претседателот, покрај редовните членови на Советот, на покана на претседателот Стево Пендаровски ќе присуствува министерот за здравство Венко Филипче.

Корона-кризата и догодина ќе ја зголемува задолженоста
На деветтата седница на Советот за безбедност ќе се разговара за актуелната ситуација со пандемијата на Ковид-19 на територијата на Република Северна Македонија и мерките и активностите на надлежните институции.

Извор: Радио слободна Европа

Партнери на Правдико