Пендаровски: Неопходно е двете страни да работат на натамошно имплементирање на преспанскиот договор | Правдико

Правдико

Виртуальное казино Vavada предлагает своим посетителям множество азартных игр, включая популярные слоты, рулетку и покер, а также другие развлечения. Главные достоинства Vavada - это простота использования интерфейса и обширный ассортимент игровых автоматов. Казино Vavada привлекает пользователей разнообразием бонусов и акций. Необходимо помнить о потенциальных рисках, связанных с азартными играми, и важно играть ответственно, устанавливая разумные лимиты на ставки.

   

Пендаровски: Неопходно е двете страни да работат на натамошно имплементирање на преспанскиот договор

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Никос Дендијас, министер за надворешни работи на Република Грција, кој престојува во посета на земјата.

Во текот на разговорот Пендаровски и министерот Дендијас разменија мислења за билатералните односи меѓу Северна Македонија и Грција, состојбите во регионот, како и за актуелните случувања и состојби во Авганистан.

Двајцата соговорници изразија задоволство од динамиката на политичкиот дијалог меѓу двете држави во изминатиот период, а во овој контекст Пендаровски најави дека во тек се подготовките за првата официјална посета на Грција, предвидена за наредниот месец. Пендаровски изрази очекување дека посетата ќе придонесе кон уште подинамичен дијалог и кон дополнително унапредување на соработката меѓу двете земји.

Истовремено, осврнувајќи се на билатералните односи, Пендаровски изрази задоволство од нивото на економската соработка меѓу двете држави, која бележи значителен напредок, при што оцени дека потпишувањето на договорот од Преспа не само што ги нормализира политичките односи туку и позитивно влијае врз севкупните економски односи меѓу двете држави.

Во контекст на имплементацијата на договорот од Преспа, претседателот Пендаровски посочи дека е неопходно негово натамошно имплементирање, како и ангажман од двете страни, за да се обезбеди брзо и непречено продолжување на работата на воспоставените тела со договорот.

Покрај ова, во текот на разговорот двајцата соговорници разменија мислења и информации за процесот на македонската евроинтеграција, при што, искажувајќи благодарност за грчката поддршка на тој план, претседателот Пендаровски посочи дека усвојувањето на рамката за преговори останува наш приоритет.

На средбата претседателот Пендаровски се заблагодари и за грчката донација од 20.000 вакцини против Ковид-19, како и за укажаната помош во справувањето со пожарите во Гевгелија на почетокот на овој месец.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико