Пензионерите бараат задолжителна конфискација на нелегално стекнатиот имот | Правдико

Правдико

   

Пензионерите бараат задолжителна конфискација на нелегално стекнатиот имот

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Партијата на обединети пензионери и граѓани на Македонија (ПОПГМ) ги отфрла како неприфатливи иницијативите изнесени во јавноста, политичко-правнататa криза во државата да се решава со донесување закон за амнестија за инволвираните субјекти.

ilija-nikolovski-penzioner

– Секакво амнестирање поединци и групи што ги газат човековите права и слободи, вршат груби нерегуларности во изборниот процес или се носители на коруптивен криминал и грабеж, претставува дерогирање на Уставот и на законите во Република Македонија – велат од ПОПГМ. Токму затоа ПОПГМ се залага за неодложно, итно и целосно политичко и правно решавање на општествената и уставна криза и на извршените кривични дела.

„Ќе побараме задолжителна конфискација на нелегално стекнатиот имот, за да служи како пример и да ја потсетува секоја идна владејачка гарнитура во Република Македонија дека криминалот е неисплатлив, затоа што не ќе може да се забошоти“, се вели вописменото соопштение.

Актуелната криза во Република Македонија, според нив, може, најцелисходно и со најмал ризик за ескалација, да се реши со итно и со сеопфатно вклучување на меѓународната заедница при што треба особено да се инсистира на: итна политичка разврска, формирање преодна влада без ангажирање на досега, политички и професионално компромитирани личности, разрешување на јавниот обвинител, прочистување на избирачкиот список, како и спроведување попис на населението, што сè заедно ќе создавање услови за фер и демократски избори.

Партијата на пензионерите ќе го покрене и прашањето за донесување закон за незастарување на кривичните дела сторени при приватизацијата и при трансформацијата на општествениот имот во приватен, бидејќи сметаат дека токму тие учествувале во неговото создавање, а никој не ги прашал при раскрчмувањето.

Извор: Мета.мк

Препорачуваме

Партнери на Правдико