Персонален данок на доход – поднесување на годишни извештаи за 2014 година | Правдико

Правдико

   

Персонален данок на доход – поднесување на годишни извештаи за 2014 година

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Годишните извештаи ги поднесуваат исплатувачите кои во изминатата 2014 година:

  • извршиле исплата на приходи на физички лица/граѓани по основ на: лични примања, авторски права и права од индустриска сопственост, капитал, имот и имотни права (закупнини), добивките од општи игри на среќа и други приходи за кои аконтацијата на данокот се плаќа по одбивка – Годишен извештај (образец “ПДД-ГИ”).
    Напомена: Исплатувачите кои вршат исплата на приходи од добивки од посебни игри на среќа (игри на среќа во казино, обложувалница и автомат клуб) немаат обврска да поднесат Годишен извештај (образец “ПДД-ГИ“).
  • извршиле исплати на граѓани во 2014 година по основ на откуп на земјоделски производи – Годишен извештај (образец “ПДД-ГИ/ОЗП”).
    Во “ПДД-ГИ/ОЗП” се пријавуваат податоци за физичките лица од кои вршеле откуп на земјоделски производи, шифра на дејност од НКД според дејноста која ја обавува физичкото лице и износот на исплатениот приход.
  • вршеле откуп на корисен цврст отпад од физички лица кои не се трговци поединци – Годишен извештај (образец “ПДД-ГИ/ОЦО”) во кој ги пријавуваат бруто-приходите на обврзниците, платениот персонален данок на доход, како и вкупно исплатените нето-приходи во изминатата година.

Oрганизаторите на зелен пазар на кој се врши трговија на големо и мало, имаат обврска да достават – Годишен извештај (образец “ПДД/ГИ-ЗП”) во кој треба да пријават кој ги користел продажните места на зелениот пазар во изминатата 2014 година.

Годишните извештаи се поднесуваат најдоцна до 31 јануари 2015 година, задолжително по електронски пат прекуhttp://etax.ujp.gov.mk на еден од следните начини:

  • преку соодветна форма за внес на податоци во е-Даноци или
  • со импортирање на претходно подготвени податоци во соодветен .xml формат, предефиниран и поставен на е-Даноци.

На граѓаните издадете им пресметка за исплатените приходи!

Исплатувачите кои вршеле исплати на приходи на кои аконтацијата на данокот се плаќа по одбивка, на граѓанинот задолжително треба да му издадат збирна пресметка за исплатените приходи, платениот персонален данок и придонеси во 2014 година најдоцна до 15 јануари 2015 година.

Издавањето на збирна пресметка е законска обврска на исплатувачот на приходот, врз основа на која граѓанинот, како обврзник на персоналниот данок на доход, ќе може точно и навремено да ги пријави приходите во Годишната даночна пријава.

Извор: УЈП

Препорачуваме

Партнери на Правдико