Пет лица уапсени во Турција поради навредување на Ердоган | Правдико

Правдико

   

Пет лица уапсени во Турција поради навредување на Ердоган

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Пет лица синоќа се уапсени во Турција поради обвиненија дека го навредувале претседателот Реџеп Таип Ердоган, јавуваат денеска турските медиуми.

16327492630_c3efc43ac7_k-860x680

Петте мажи, по потекло од јужната турска провинција Санлиурфе, се обвинети за навредување на Ердоган на социјалните мрежи.

Полицијата уапси уште едно лица, но тоа подоцна е пуштено на слобода.

Апсењата поради навреди на сметка на Ердоган зачестија откако во август 2014 година стапи на позицијата шеф на државата, а повеќе од 2.000 новинари, уметници и обични граѓани беа изведени пред суд.

Повеќето од нив се осудени на домашен притвор, но една жена на 20 јануари е осудена на 11 месеци затвор поради упатување непримерен гест на сметка на Ердоган за време на демонстрациите во март 2014 година.

Извор: Мета

Препорачуваме

Партнери на Правдико