Пет нови заболени од коронавирус во земјава
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Од седум нови случаи кои денеска беа тестирани, кај петмина има позитивни резулатати на коронавирус, изјави вечерва министерот за здравство, Венко Филипче. Тој објасни дека се работи за четворица од Дебар, кои имале контакт со првите заболени од овој град и една пациентка од Скопје.
„Денеска имаме пет нови позитивни пациенти и двајца дијагностицирани во друга лабараторија кои треба да се потврдат утре во нашата лабораторија во ИЈЗ. Утрово беа тестирани седум лица кои ги најавив на утринскиот прес. Негативни се резултатите на трите лица од Дебар кои што беа во контакт со заболените“, рече Филипче.
Пациентката од Скопје има 54 години, а симтони развила пред четири дена. Таа кажала дека била во самоизолација, а се контактираат членовите на нејзиното семејство, возачот на таксито кое ја донело од скопскиот аеродром до дома, како и уште 31 лице кое патувало со неа во авионот.
Тој рече дека и во лабораторијата на болницата „Жан Митрев“ се јавиле лица со симптоми на грип, кај кои тестовите за коронавирус се позитивни. Но, тие дополнително ќе се испитаат во ИЈЗ.
Извор: Макфакс